Дома Фудбал Италија Неодговорност: Двајца играчи на Јувентус ги прекршиле правилата и го напуштиле карантинот!

Неодговорност: Двајца играчи на Јувентус ги прекршиле правилата и го напуштиле карантинот!

Во италијанските медиуми денес беше објавено дека Игуаин го напуштил карантинот на Јувентус, меѓутоа тоа не го направил само Аргентинецот.

Фудбалерите на Јувентус се во карантин веќе седум дена откако беше потврдено дека Даниеле Ругани и Блез Матуиди се заразени со коронавирус. Останатите играчи и членови на клубот изгледа не се заразени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, клубот одреди карантин во траење од две недели за да бидат сигурни дека нема други заразени. Меѓутоа некои од играчите не ги почитувале тие правила.

Игуаин полицијата го запрела на аеродромот кога сакал со приватен авион да оди за Аргентина, тогаш тој им покажал документ дека не е заразен, па добил дозвола да ја напушти земјата.

Освен него Италија ја напуштил и Родриго Бентакур. Бентакур си се вратил во Уругвај.

Италија поминува низ тешки денови и на сите им се препорачува да се почитуваат строгите мерки за што побрзо да заврши целиот хаос, па поради тоа јавноста во оваа земја е разочарана од ваквото однесување на двајцата фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …