Дома Фудбал Неодамна имаше рак и се бореше за живот, а сега со голот на кариерата донесе титула на својот народ!

Неодамна имаше рак и се бореше за живот, а сега со голот на кариерата донесе титула на својот народ!

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го освои Африканскиот Куп на Нации откако вечерва во финалето со 2:1 ја победи Нигерија.

Имаше водство Нигерија со голот на Трост Еконг по 38 минути игра и со таа предност замина на плувреме. Но, во второто полувреме репрезентацијата која беше домаќин на шампионатот постигна два гола за големо славје.

Франк Кеси во 62-та минута донесе израмнување, а задоволството на трибините беше уште поголемо кога Себастијан Халер кој неодамна го победи ракот и се врати на терените постигна гол на десетина минути пред крајот за победа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан: Би сакал да го водам Јувентус, на Липи му должам сè

Зинедин Зидан не ја крие желбата еден ден да седне на клупата на Јувентус, а пред дуелот с…