Oфицијално и потврдено, ситуација каква што тешко дека ќе се повтори.
Лионел Меси ќе биде во составот на Аргентина за двете пријателски средби на „гаучосите“ против Италија и Шпанија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со ова станува јасно дека ќе видиме една необична ситуација. Аргентина за натпреварот против Шпанците ќе се припрема во тренинг центарот на Реал Мадрид, па така Меси ќе има прилика да се запознеа со условите за тренинзи на големиот ривал од Мадрид.
Ќе се сретне со Зидан кој јасно ќе ги тренира фудбалерите кои немаат репрезентативни обврски, а такви во Реал има навистина малку, па на тренингот ќе се приклучат и дел од младинскиот тим на „кралевите“.
Меси во тренинг центарот на Реал ќе помине три дена, поточно ќе одржи неколку тренинзи пред натпреварот на 27 март кој се игра новиот стадион на Атлетико Мадрид, „Ванда Метрополитано“.