Поранешниот соиграч на Ибрахимовиќ од времето кога играше за Ајакс – Енди ван дер Мејде, откри интересна анегдота со Швеѓанецот.
Ван дер Мејде некогаш гласеше за еден од најталентираните фудбалери во Холандија, но својот целосен потенцијал никогаш не го искористи поради бурниот живот надвор од терените и честите повреди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Холанѓанецот беше дел од најталентираната генерација на Ајакс заедно со Ибрахимовиќ, Ван дер Ваарт, Снајдер и Стивен Пиенар.
Ван дер Мејде откри како се обидел да се пошегува во една прилика со Ибрахимовиќ, но лошо поминал.
„Беше тоа во времето кога играв заедно со Златан во Ајакс. Во една прилика, додека седевме еден крај друг во автобусот, ја искористив можноста што Ибрахимовиќ спиеше и го бакнав во уста. Може да претпоставите што се случи понатаму. Добив вистински нокаут и тоа со неколку удари во главата“, откри Холанѓанецот во една ТВ емисија.