Петмина фудбалери на Бешикташ се ослободени од обврските кон клубот како казна за поразот во дербито против Бешикташ. (1:3).
Натпреварот помеѓу турските гигант секогаш се со посебен шмек, меѓутоа и со притисок, а сега тоа најдобро го почувствуваа: Винсент Абубакар, Валентен Розие, Ерик Баџи, Рашид Гезал и Жан Онана.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Овие петмина фудбалери повеќе не се членови на Бешикташ, а генералниот директор на тимот Самет Ајбаба истакна дека лошиот настап и некомпатибилноста со останатите е причина за ваквиот потег.
Бешикташ во овој момент е петти на табелата во турското првенство со 26 бода од 16 натпревари и заостанува дури 14 бода зад лидерите Фенербахче и Галатасарај.