Дома Топ вести Нема повеќе дилеми, Гризман беше јасен и концизен: Никаде не одам!

Нема повеќе дилеми, Гризман беше јасен и концизен: Никаде не одам!

Најдобриот фудбалер во Атлетико Мадрид, Антоан Гризман истакна дека не се покајал што изминатото лето одлучил да остане во клубот, и додаде дека не планира заминување.

Изминативе денови разни медиуми јавија дека Барселона веќе го обезбедила потписот на фантастичниот Французин за 100 милиони евра, меѓутоа, од тој договор очигледно нема ништо. Така барем тврди Гризман…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не жалам што останав. Тоа беше мојот избор“, истакна тој во познатата емисија Телефут.

Гризман е во голема криза, гол за Мадриѓаните не постигнал два месеци, или 723 минути, но тоа не го загрижува многу. Тој порача дека ќе работи понапорно за да се врати што е можно побрзо во форма.

„Мое е да трнирам и да работам, се зависи од мене. Го имам тој проблем, некои натпревари не можам да ги заборавам. Работам и на тоа“

Иднината на еден од најдбрите фудбалери на денешницата е тоа што најмногу ја интересира јавноста, така што…?

„Дефинитивно не одам никаде во јануари. Ни пристигнуваат Витоло и Диего Коста. Ќе бидеме силни и ќе се бориме до крај. Не сум разговарал со претседателот за заминување“.

Новинарите и ги интересираше зошто изјавил дека би сакал да игра заедно со Нејмар и Мбапе.

„Лошо се изразив. Кажав дека би било убаво. Еден ден… Тоа секако не значи дека ќе преминам во ПСЖ“, заклучи Гризман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште една лоша вест за Барселона: Заврши сезоната за Де Јонг

Репрезентативецот на Холандија, Френки Де Јонг во натпреварот против Реал Мадрид доживеал …