Дома Трансфер зона Нема одмор: Перез договори ново засилување за Реал Мадрид

Нема одмор: Перез договори ново засилување за Реал Мадрид

Реал Мадрид оваа сезона не игра ни приближно како претходно и јасно е дека треба доста промени во играчкиот кадар.

Претседателот на Кралевите, Флорентино Перез летоска сигурно че направи неколку промени во екипата, а угледната Марка пренесува дека еден трансфер е веќе договорен. Се работи за дефанзивецот на Порто, Едер Милитао, кој со своите игри го привлече вниманието на неколку европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Реал Мадрид очигледно бил најсериозен. Милитао може да игра не позицијата десен бек, но и стопер, каде најчесто би требало да игра во Реал. Овој 21-годишен играч во Порто пристигна за 4 милиони евра од Сао Паоло, а сега Порто ќе заработи многу повеќе.

Имено, Марка пренесува дека Реал Мадрид ќе плати неверојатни 70 милиони евра, односно ќе ја активира неговата откупна клазула. Клазулата првично изнесуваше 50 милиони евра, но Порто во договор со играчот успеа да ја зголеми за уште 20 милиони евра.

Сите овие шпекулации ги потврди и бразилскиот фудбалер.

„Вистина е дека одам во Реал Мадрид. Се е договорено и остана уште да ставам потпис на договорот.“ – изјави Милитао во разговор за Марка.

Овој 21-годишен дефанзивец во оваа сезона одигра 32 натпревари и успеа да запише три погодоци и две асистенции. Исто така, пет пати беше избран за најдобар стопер на месецот во португалската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…