Дома Фудбал Англија „Нема многу играчи кои се подобри од Варди“

„Нема многу играчи кои се подобри од Варди“

Менаџерот на Лестер Сити Брендан Роџерс смета дека нема многу играчи кои се подобри од Џејми Варди.

После 11 кола во Премиер лигата Лестер се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 21 освоен бод. За добрите резултати на Лестер големи засилуги има Џејми Варди кој со девет гола се наоѓа на врвот на листата на стрелци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Варди игра одлично и за него Брендан Роџерс има само пофални зборови.

„Морате јасно да кажете дека верувате во него. Тој еден од оние напаѓачи на кои им се восхитувам. Се трудиме што подобро да комуницираат нашите напаѓачи. Мораме да бидеме на распалогање на Варди, кога тој е располжен тогаш нема многу играчи кои се подбри од него“.

„Кога е пред голот тој не мисли на ништо друго освен на голот. Има карактер, тој е мој идеален фудбалер. Мораме да искористиме се што имаме во тимот за еден од најдобрите напаѓачи во Европа“, изјави Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…