Дома Фудбал Нема лабаво кај Гатузо: Не тренираше добро, па го исфрли од тимот

Нема лабаво кај Гатузо: Не тренираше добро, па го исфрли од тимот

Хрватскиот репрезентативец Никола Калиниќ нема да биде дел од тимот на Милан за денешниот натпревар против Киево во Серија А.

Не станува збор за никаква повреда, туку за одлука на тренерот Џенаро Гатузо.

Имено, „Газета дело Спорт“ пренесува дека не постои никаков конфликт помеѓу тренерот и фудбалерот, туку одлуката на Гатузо е поради недоволното залагање на Калиниќ на тренинзите.

Имено, Калиниќ во последно време не тренирал со посакуваниот интензитет, а тоа особено станало видливо вчера кога разбрал дека повторно Кутроне ќе биде стартер против Киево.

Поради тоа Гатузо донесе одлука да го отсрани Калиниќ од играчите кои се повикани за дуелот со Киево.

Поради повреда на списокот ги нема уште Давиде Калабрија, Игнацио Абате и Алесио Ромањоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…