Дома Македонски спорт Мак фудбал Нема крај на проблемите во Шкупи: Камерунецот Нгоба ги потопи во Кавадарци!

Нема крај на проблемите во Шкупи: Камерунецот Нгоба ги потопи во Кавадарци!

Eкипата на Тиквеш стави крај на серијата од три порази во македонското првенство откако денес го совладаа актуелниот шампион Шкупи со 3:1.

Ова беше уште еден натпревар во кој можеа да се видат проблемите во редовите кај чаирчани. Апсолутен херој на кавадаречкиот тим беше Камерунецот, Барга Нгоба кој ги постигна сите три гола за Тиквеш.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Единствениот гол за Шкупи го постигна Цефас после 15-тина минути игра во второто полувреме.

За Тиквеш ова беше втора победа во шестиот натпревар оваа сезона и со седум бодови се изедначи со Академија Пандев и Шкупи. Треба да се спомене дека актуелниот шампион има натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…