Дома Фудбал Нема крај на проблемите во Торино: Јувентус пред губење на нови бодови!

Нема крај на проблемите во Торино: Јувентус пред губење на нови бодови!

Италијанскиот гигант, Јувентус во вторник ќе предложи спогодба со италијанските власти и признавање на вината во случајот кој вклучува наводни неправилности во исплатата на плати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неколку италијански медиуми денес објавија дека Јувентус ќе предложи плаќање на казна од уште два или три одземени бодови, по веќе одземените десет.

Рочиштето пред италијанскиот фудбалски сојуз е поместено за вторник (денес), иако расправата беше закажана за 15-ти јуни. Причината за ваквата одлука на Јувентус е обид се да се заврши пред тековната сезона во Серија А и да нема казни за наредната.

Ваквата казна би значела дека Јувентус сезоната ќе ја заврши на седмото место и следната сезона ќе учествува во Конференциската лига.

Но, можно е да не игра ниту таму поради можните санкции од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристиан Киву го продолжи договорот со Интер

По двочасовни разговори со раководството на Интер, Кристиан Киву потпиша продолжување на д…