Следната средна македонскиот вицешампион, Еурофарм Пелистер ќе игра против Нексе во натпревар за влез во четвртфинале.
Битолчани имаат негатива од три гола од првиот инатпревар во Нашице. Во реванш натпреварот Еурофарм изгледа ќе има голема поддршка затоа што се мобилизираат популарните „Чкембари“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„По превеземањето на акциите на Рк.Пелистер од Еурофарм, влеговме во нова ера од постоењето на нашиот клуб.
Благодарение на претходните ракометни успешни вложувања на Еурофарм се укажува шанса нашиот Пелистер да игра 1/8 финале во Сеха лигата. Целата купопродажба можеби е задоцнета за една полусезона, но што е тука е. Вртиме нов лист во нашата историја и се насочуваме кон остварувања на нови успеси. Сега се наоѓаме на чекор од пласман во 1/4 финале и дуел со Вардар. Со само -3 гола негатива започнуваме втор дел од битката со Нексе. Низ историјата сме имале големи утакмици каде сме анулирале поголема негатива и затоа среда на 12ти сме сите потребни всала.
За после во 1/4 финале Балканот да слушни за ерупцијата во битолскиот вулкан.
За Чкембари влезот е 100 денари, картите ќе се продаваат од 19:30ч до 20ч пред светлечкото пано на Чкембари кај бутките.
Напомена, влезниците од Чкембари се само за чкембарскиот коп.
Дрес-код за ова утакмица е СИТЕ ВО ЗЕЛЕНО!!!“, стои во соопштението објавено на социјалните мрежи,