Дома Фудбал Италија „Некои мислат дека се вика Хари Жозе Потер Мурињо“

„Некои мислат дека се вика Хари Жозе Потер Мурињо“

Во недела Рома од 20:45 часот ќе игра против Милан во рамките од 20-тото коло во италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред овој натпревар Жозе Мурињо одржа прес-конференција која беше во негов стил и на која се спореди со познатиот филмски херој Хари Потер.

„Некои мислат дека се викам Жозе Хари Мурињо Потер, нивото на очекувања е преголемо. Четири бода не делат од четвртото место. Се бориме за нешто што е скоро невозможно кога ќе ги погледнеме ростерите на останатите конкуренти“, изјави Мурињо.

Португалскиот стратег во Рома има сериозни проблеми со повредите.

„Заборавањето на овие потешкотии е погрешно. Кристинсен не е дефанзивец, Манчини не тренираше еден месец, Љоренте се повреди…Ако луѓето сакаат да ги игнорираат ваквите работи грешат. Тука морам да ја бранам нашата група која е сериозна, работи и пати. Одиме на „Сан Сиро“ со се што имаме и момците ќе дадат се од себе“, додаде „специјалниот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трамп го украде шоуто на светските шампиони. Родри го замолуваше да се тргне, но безуспешно

ШПАНИЈА стана новиот светски првак во фудбал. Во финалето на Светското првенство во Соедин…