Репрезентацијата на Англија во еден драматичен натпревар во осминафиналето ја победи Словачка по продолженија и така се избори за место во четвртфиналето.
Словачка поведе со голот на Шранз по само 25 минут игра, додека Англичаните од елиминација во регуларниот дел ги спаси голот на Џуд Белингем во 95. минута.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во таква ситуација некои навивачи на Англија воопшто не го видоа тој гол на Белингем од трибините бидејќи го напуштија стадионот мислејќи дека „Гордиот Албион“ ќе доживее шокантна елиминација.
Двајца навивачи кои ја немаа информацијата дека Англија изедначила бараа смена на Саутгејт додека, еден фан кој во тие моменти дозна со олеснување порача:
„Нема врска, ако морам да бирам дали да се вратам на стадионот или Англија да помине, нека помине Англија“, искоментира навивачот.
Analysis from some of the England fans leaving the stadium early. pic.twitter.com/0TDzcbdl1x
— Tyrone Francis (@TJFrancisLive) June 30, 2024
"I'd rather not get back in and England get through" ⏩
— Sky Sports Football (@SkyFootball) July 1, 2024
This England fan missed the late drama after making the decision to leave their Euro 2024 round of 16 game early 😩 pic.twitter.com/cUurXmQtep