Домашната фаворитка на УС Опен, Слоун Стивенс доживеа елиминација и не успеа да се пласира во полуфиналето.
Летонката Анастија Севастова која е 18-та носителка на турнирот лесно ја победи Стивенс со 2:0 во сетови (6:2 и 6:3).
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Ова беше вистинско изненадување со оглед на тоа дека Американката на актуелното издание на УС Опен го бранеше трофејот освоен минатата година.
На Летонката за победата и беше потребен еден час и 25 минути.
За Севастова ова е ќе биде прво полуфинале на еден Грен Слем турнир и ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Серена Вилијамс и Каролина Плишкова.
Треба да се истакне и дека Севастова во еден момент се повлече од играњето тенис поради големите проблеми со повредите, но сепак подоцна успеа да се врати на вистинскиот пат.