Низ тешки денови поминува фудбалерот кој некогаш беше член на Барселона и важеше за еден од најталентираните фудбалери во светот.
Холандскиот фудбалер кој веќе три сезони го носи дресот на англискиот премиерлигаш Стоук, Ибрахим Афелај во последно време добива мала минутажа, посебно оваа сезона. Одигра само шест натпревари во Премиер лигата во тековната сезона и јасно е дека тренерот Пол Ламберт не смета премногу на него.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Скај Спорт“ денес пренесува информација дека тренерот на англискиот клуб му забранил на Афелај да се појавува во тренинг центарот со објаснување дека лошо влијае на остатоткот од тимот и дека поради тоа ќе го нема во тимот до крајот на сезоната.
Шкотскиот стручњак сака целата екипа да биде соединета во борбата за опстанок во Премиер лигата, а Афелај во последно време не покажува премногу труд на тренинзите и освен тоа лошо влијаел на соиграчите.
Иначе Стоук во овој момент се наоѓа на претпоследното место во Премиер лигата со 27 освоени бодови, три помалку од Вест и Кристал Палас.