Дома Трансфер зона Незгодна ситуација: Интер купи играч кој може да ги спречи да играат во Лигата на шампионите

Незгодна ситуација: Интер купи играч кој може да ги спречи да играат во Лигата на шампионите

Навистина прилично интересна, но за самиот фудбалер непријатна ситуација…

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Повеќе нема никакви дилеми, Стефан Де Фрај е нов играч на Интер.

Договорот е потпишан, Холанѓанецот пристигнува како слободен играч, се споменуваше и Барселона, но во Милано доби најдобри услови, покрај тоа и гаранција дека ќе биде стандарден.

Фудбалерот на Лацио ќе заработува 4.2 милиони евра по сезона и во Интер би требало да биде замена за Миранда кој би можел да замине ова лето.

Но, овој трансфер го стави Холанѓанецот во прилично незгодна ситуација. Имено, големи се шансите во последното коло во меѓусебен дуел неговиот сегашен и иден клуб да решаваат кој ќе оди во Лигата на шампионите.

Интер веројатно ќе мора да победи во Рима за место во топ 4, иако претходно на програмата во викендот кој следи се игра уште едно коло.

Иначе, Де Фрај не е единствениот играч кој како слободен агент на крајот од сезоната пристигнува во Интер. Наскоро „Нероаѕурите“ би требало да го официјализираат трансферот на Асамоа од Јувентус на кого исто така му истекува договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…