Дома Кошарка Незапирливиот Јокиќ со страшен настап ја сруши Оклахома! (ВИДЕО)

Незапирливиот Јокиќ со страшен настап ја сруши Оклахома! (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Наџентс изминатата ноќ на свој паркет ја совладаа Оклахома со 121:112.

Денвер така ја продолжи својата добра серија и ја оствари петтата победа во низа. Почетокот на натпреварот донесе добра игра и од едната и од другата страна, па на крајот на првата четвртина Денвер имаше минимална предност од 29:26.

Втората четвртина многу подобро ја одигра Денвер кој стигна до поголема предност и на одмор се замина со 64:51. Во продолжение Денвер ја одржуваше предноста и не дозволуваше Оклахома да се приближи и на крајот славеше победа со 121:112.

Денвер до победата беше предводен од неверојатниот Никола Јокиќ со 36 поени, девет скокови и 10 асистенции, а го следеа Вил Бартон со 23 и Џамал Мареј со 20.

https://www.youtube.com/watch?v=KlWIxl-sp5A

Кај Оклахома Пол Џорџ постигна 25 поени, додека Расел Вестбрук додаде 22 поени.

Њујорк Никси стигнаа до победа против Орландо со 108:103. Емануел Мудиај со 19 поени беше најдобар кај Њујорк, додека Арон Горон и Никола Вучевиќ беа најдобри кај Орландо со 26 поени.

Торонто запиша лесна победа против Бостон со 118:95. Паскал Сиакам со 25 и Каваи Леонард со 21 го предводеа Торонто до победа, додека кај Бостон, Маркус Морис се издвојуваше со 17 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Партизан со ексклузивен изглед за дербито: „Најк“ подготви посебни дуксери

Црно-белите во Белградската арена пристигнаа со новиот „Најк Тек Бореас“, пред светската п…