Јувентус во ждребот за ¼ финалето во Лигата на шампиони не помина баш најдобро и го доби Реал Мадрид.
Легендата на овој клуб и еден од сегашните директори, Павел Недвед смета дека ова ќе биде судир во кој ќе гледаме два одлични натпревари и според него навистина е тешко да се прогнозира кој ќе оди во полуфиналето.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ќе гледаме два добри натпревари. Знаеме дека ќе се соочиме со тежок противник. Реал ме импресионираше во Париз. Но, нашата цел е да излеземе на терен и да ја играме нашата игра“, изјави Недевд
Недвед потоа беше запрашан за минатогодишното финале.
„Постојат два нови натпревари, не мислам дека тој натпревар може да влијае на нашата психа. Првиот натпревар го играме на домашен терен. Бенатија и Пјаниќ се суспендиран, но сепак стартуваме одново со 0:0“, одговори Недвед.