Младата ѕвезда на Аталанта, Франк Кесие е на радарот на многу европски гиганти, откако блесна оваа сезона за тимот од Бергамо.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Челзи во зимскиот преоден рок понуди 25 милиони евра за неговиот потпис, но Аталанта експресно ја одби таа понуда.
Се очекува следното лето неколку клубови да се борат за потписот на овој млад фудбалер, но неговиот соиграч Папу Гомез веќе ја откри следната дестинација на Кесие.
„Мислам дека веќе го продадоа во Рома, но ќе остане во Аталанта до крајот на сезоната“, изјави Гомез.
Вредноста на трансферот сеуште не е позната, па останува да видиме дали некој од двата клуба ќе демантира или ќе ја потврди изјавата на Гомез.