Дома Фудбал Англија Неговиот татко беше жртва на Рој Кин, денес синот е пред влезната врата на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Неговиот татко беше жртва на Рој Кин, денес синот е пред влезната врата на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Многумина и денес се сеќаваат на еден од најбруталните стартови во историјата на фудбалот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Беше тоа во градското дерби помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити во 2001. година, самиот меч создаваше тензија, но дополнително тоа го зачини, легендарниот капитен на „Црвените ѓаволи“, Рој Кин кога крвнички стартуваше над коленото на Алф Инге Халанд и така му заврши кариерата за сите времиња.

Изгледа дека ниту Норвежанецот не беше „цвеќе“, но Кин навистина претера.

Според информациите на Скај Спорт можеби е време за нов лист.

Имено, синот на Халанд, Ерлинг Халанд се наоѓа на листата кај скаутите на Јунајтед и наскоро би можел да се пресели на „Олд Трафорд“.

Ерлинг има 17 години и игра на позиција напаѓач, а што се однесува до таткото останува да се види како ќе реагира на оваа понуда.

https://youtu.be/tAhqSp_prgc

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Преговорите започнаа: Дембеле во неверојатен трансфер си заминува од ПСЖ!

Неверојатни вести пристигнуваат од Франција, а станува збор дека Дембеле би можел да го на…