Дома Фудбал Негативен последниот тест на корона на Димитриевски!

Негативен последниот тест на корона на Димитриевски!

Првиот голман на македонската репрезентација, Столе Димитриевски ќе го пропушти утрешниот натпревар против Ерменија поради позитивен тест на коронавирус.

Тестот на Димитриевски му беше направен пред тргањето на собирот со репрезентацијата, а неколку дена подоцна тој е негативен на Ковид-19.

Денешниот тест на Димитриевски бил негативен па затоа тој ќе може да продолжи нормално да тренира со Рајо Ваљекано и ќе конкурира за првиот натпревар во лигата, против Мајорка на 13-ти септември.

Ќе потсетиме на местото на Димитриевски во репрезентацијата повик доби Мартин Богатинов. Селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција потенцираше дека сите тројца (Шишковски, Илиев и Богатинов) конурираат да застанат на голот против Ерменија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…