Дома Фудбал „Невозможно е да се замисли дека има некој подобар од Меси“

„Невозможно е да се замисли дека има некој подобар од Меси“

Фудбалерите на Барселона синоќа го декласираа Леванте со 5:0, а уште еден фантастичен натпревар одигра Лео Меси.

Аргентинецот капитенски го предводеше својот клуб до нова победа, а со својата игра уште еднаш го воодушеви фудбалскиот свет. Меси на овој натпревар е заслужен за сите пет погодоци, што многу ретко се гледа на фудбалските терени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Капитенот на Барселона постигна хет-трик, а исто така запиша и две асистенции за каталонскиот клуб. После овој натпревар Твитер “гореше“ од коментари, а во центарот се најде коментарот на играчот на Депортиво Алавес, Ибај Гомез.

„Размислувам дека постојат многу луѓе кои можат да го кажат тоа јавно. Кога секој би го тргнал на страна својот омилен клуб и би бил објективен, невозможно е да се замисли дека постои некој кој мисли дека Меси не е најдобар.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…