Минхенски Баерн до крајот на април ќе добие нов тренер, а легендарниот голман, Оливер Кан има предлог до раководството на клубот.
Легендата на баварскиот клуб верува дека актуелниот тренр на Реал Мадрид, Зинедин Зидан би бил најдобро решение за замена на Јап Хејнкес.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Без никаква дилема на клупата на Баерн најмногу би сакал да го видам Зинедин Зидан. Сметам дека е навистина врвен тренер. Со Реал освои се, а сега може да дојде и до трета титула во ЛШ. Тој е тренерот кој перфектно би се вклопил во Баерн“, истакна Кан.
Сепак, од пристигнувањето на Зидан веројатно нема да има ништо. Од Баерн претходно потврдија дека бараат тренер кој зборува германски јазик, а како фаворит на оваа позиција се истакнува хрватскиот стратег, Нико Ковач.
Клубот до крајот на овој месец ќе го именува новиот предводник на Баварците.