Дома Фудбал Останато Невил: Салах ќе направи трансфер во Реал Мадрид или Барселона

Невил: Салах ќе направи трансфер во Реал Мадрид или Барселона

Мохамед Салах трета сезона во низа е еден од главните играчи на тимот на Јирген Клоп, а иако има статус на ѕвезда легендарниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека Египќанецот ќе направи голем трансфер.

Невил смета дека Салах ќе направи трансфер во Реал Мадрид или Барселона во блиска иднина. Поранешниот стопер смета дека навивачите на Ливерпул не му пружаат на Салах љубов каква што добиваат некои други играчи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„И пред 18 месеци кажав дека Салах ќе си замине. Навивачите на Ливерпул не покажуваат љубов како кон некои други играчи. Мислам дека и тие чувствуваат дека Салах ќе направи трансфер во Реал Мадрид или Барселона. Сигурен сум дека ќе донесе таква одлука ако има прилика. Ова не е критика за Салах. Јас играв со Бекам, Ван Нистерлој, Роналдо…Тоа беа играчи кои сакаа секоја година да се борат за Златната топка и затоа сакаа да играат за Реал Мадрид. Да зборуваме искрено, Реал Мадрид и Барса се врвот за скоро секој фудбалер“, смета Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…