Неверојатна ситуација во Данска!
Бризи како што е уметничкото име на фристајл и ѕвездата на уличниот фудбал, потоа момци кои една недела претходно играа аматерски фудбал, утре ќе бидат дел од репрезентацијата на Данска во пријателскиот натпревар против Словачка и Трнава, место Ериксен, Шмајхел, Кјаер…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Главното прашање е кој ќе го игра далеку поважниот натпревар против Велс во недела на стартот од Лигата на нации.
Ваквата информација ја откриваат данските медиуми, а директорот на сојзуот Ким Халберг не можеше ниту да ја потврди, ниту да ја демантира истата.
Целата ваква ситуација како што пишувавме настана поради жестокиот судир на репрезентативците и сојузот околу комерцијалните права.
Откако сојузот ги прекина преговорите со стандардните репрезентативци, за пополнување на селекцијата се обраќаше по ред до клубовите од прва, втор и трета лига, но секаде одговорот беше ист „НЕ“. И оние непознатите фудбалери се солидаризираа со репрезентативците, но исто така сите заедно се членови на Здружението на професионални фудбалери кој е одвоено од сојзуот.
Ваква ситуација е незамислива за така сериозна држава каква што е Данска која има голема фудбалска традиција и важност.