Дома Фудбал Англија Неверојатно: Челзи ги прекршил правилата на ФИФА дури 150 пати!

Неверојатно: Челзи ги прекршил правилата на ФИФА дури 150 пати!

Светската куќа на фудбалот го објави списокот на прекршоци кои ги направил англискиот гигант Челзи, поради кои доби забрана за трансфери.

Имено, „сините“ дури 150 пати ги прекршиле правилата при трансферите на младите фудбалери за што заработија казна од ФИФА.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Челзи поднесе жалба и својата одбрана ја темели на тоа дека сите нерегистрирани членови на академијата биле само на проба, вклучувајќи и еден играч кој во три сезони одиграл дури 75 натпревари.

Очекувано, барањето на Челзи беше одбиено и казната останува на сила, „сините“ до идното лето не смеат да купуваат фудбалери, а притоа треба да платат казна од 600.000 швајцарски франци.

Од споменатите 150 прекршоци 27 вклучувало носење на малолетни играчи од странство, што е против законски, а има и 123 случаеви во кои директно е прекршен правилникот на ФИФА. Правилникот вели дека клубовите кои се од членките на ЕУ во никој случај не смеат да потпишуваат било какви договори со играчи помлади од 16 години, а на интернационално ниво, тоа важи за играчи помлади од 18 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …