Вест Бром е на последното место во Премиер лигата, со седум бода заостанување. Во номеври направија и тренерска смена, но од тогаш тимот запиша само една победа.
Тренерот Пердју реши да ги однесе фудбалерите во неколкудневен камп во Барселона, за подобро да го спремат наредниот натпревар, но тоа му донесе само проблеми.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, четворица фудбалери во пијана состојба украле такси и се возеле низ центарот на Барселона до раните утрински часови.
„Клубот може да потврди дека четири играчи беа вклучени во инцидент на патувањето во Шпанија. Клубот ќе направи истрага и ќе ги дисциплинира играчите“, се вели во соопштението на ВБА.
Шпанската полиција го потврди инцидентот, а британскиот „Сан“ објави детали од истиот.
„Играчите сакаа да отидат до олимпиското пристаниште, но бидејќи беше сред недела, продавниците беа затворени. Потоа сакаа со такси да отидат до ‘Мекдоналдс’, и тогаш го виделе таксито без таксист. Рецепционерот веднаш се јави на полицијата, а фудбалерите тогаш беа однесени во полициската станица. Тие не беа уапсени, но се дел од полициската истрага. Таксито беше земено во 5.30 часот наутро и вратено два и пол часа подоцна“, вели изворот на „Сан“.