Португалецот е на удар на критики, но има поддршка од еден свој колега.
Жозе Мурињо ги изгуби шансите за трите трофеи оваа сезона, иако до крајот на истата останаа уште два месеци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова ретко се случува на Португалецот, изминатата сезона со Комјунити Шилдот освои три трофеи, а сега има шанса да го освои само ФА Купот.
Во Премиер лигата заостанува 16 бодови зад водечкиот Манчестер Сити, во Лига Куп „Ѓаволите“ испаднаа од Бристол Сити, додека пред неколку дена беа елиминирани од Севиља.
Мурињо е на удар на критики, за нешто повеќе од една година потроши 400 милиони евра, но Манчестер не игра на она реноме на кое се очекува, а оваа сезона изостанаа и резултатите.
Ретко кој му пружи поддршка на „Специјалниот“ во овие тешки моменти, а еден од тие луѓе е и тренерот на Арсенал, Арсен Венгер.
Познато е дека Португалецот и Французинот често имаат судири, уште додека Мурињо седеше на клупата на Челзи, „војната“ се продолжи и кога „Специјалниот“ го презеде Јунајтед, но Венгер сепак сочувствува со колегата, можеби и поради тоа што се наоѓа во слична ситуација.
Францускиот стратег исто така е на удар на критики, Арсенал како и Јунајтед остана во игра за само еден трофеј и тоа во натпреварувањето кое изминатата сезона го освои Јунајтед, Лига Европа.
„Ќе го поддржам секого кој пати. Вашата работа е секого да натерате да пати. И најголемото страдање кое го доживуваме е поради целите кои си ги поставуваме себеси. Што се однесува до останатите, не сакаат или не. Знаете ли што кажа еднаш еден човек? Сакани сте кога ќе се родите и кога ќе умрете, а во меѓувреме морате да се снајдете“, истакна Венгер иако лукаво се обиде да не го спомене Мурињо.