Дома Трансфер зона Неверојатно: Во трката за потписот на Модриќ се вклучил и клуб од Словенија!

Неверојатно: Во трката за потписот на Модриќ се вклучил и клуб од Словенија!

Според информациите на колегите од словенечкиот „Спорт Клуб“, претставниците на актуелниот лидер во тамошниот шампионат Целје сакаат да доведат ни помалку ни повеќе туку – Лука Модриќ!

Приказната звучи неверојатна, но се тврди дека во клубот се сериозни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според овие сознанија, Целје веќе испратил порака до Реал дека би сакале да го доведат Модриќ (38). Договорот на капитенот на хрватската репрезентација со Кралскиот клуб истекува во јуни годинава и бидејќи се уште нема најави за продолжување се поврзува со разни клубови.

Како опции се споменуваат американската МЛС, Саудиска Арабија, можеби Турција, а не е целосно исклучена ниту опцијата за враќање во Динамо. Сега на таа листа се приклучува и Целје.

Како главна причина се наведува односот на Модриќ со Дамир Крзнар, тренерот на Целје и поранешен соиграч на Модриќ во Интер од Запрешиќ. Целје на четири кола пред крајот на првенството практично ја обезбеди титулата бидејќи има дури девет бода повеќе од второпласираната Олимпија.

Приказната звучи интересно, дури и лудо, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…