Сезоната е на самиот почеток, а една лига веќе истакнува канидатура за најинтересна во светот.
Станува збор за италијанската Серија Б, за која е малку да се каже дека е изедначена. Во рамките од деветото коло во втората италијанска лига остана да се одигра само уште еден натпревар, а разликата помеѓу првиот и последниот е осум бодови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа тоа не е ништо кога ќе видиме дека првопласираниот Палермо и второпласираниот Фросиноне имаат по 15 освоени бодови, само три бода повеќе од Ентела која се наоѓа на 14 место.
Но, токму Ентела вечерва го затвара колото против Емполи и доколку победи ќе се изедначи на првото место со овие две екипи.
Доколку Ентела успее да запише и по убедлива победа би можела да избие и осамен на лидерската позиција и да ги прескокне сите 13 екипи кои се пред неа.