Дома Фудбал Италија Неверојатни тврдења: Фудбалерите на Јувентус го бојкотирале Инсиње во репрезентацијата?!

Неверојатни тврдења: Фудбалерите на Јувентус го бојкотирале Инсиње во репрезентацијата?!

insigne

Фудбалската репрезентација на Италија веројатно ги помина најтешките денови во нејзината историја.

„Аѕурите“ не се избори за пласман на Мундијалот кој ова лето се одигра во Русија, а лошите настапи ги продолжија и во новоформираната Лига на Нации во која запишаа реми против Полска и пораз од Португалја.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Човекот кој беше означен како главен виновиник, селекторот Џампиеро Вентура си замина, сојузот го напушти и Карло Тавекио, но се уште се чека за враќање на силната Италија.

Сега во италијанските медиуми поранешнито прв човек на сојузот на Италија, Тавекио изнесе неверојатни тврдења, односно тој тврди дека постоел еден вид на бојкот кој го правеле фудбалерите на Јувентус кон првата ѕвезда на Наполи, Лоренцо Инсиње.

„Не можам со сигурност да кажам, но според мене веројатно фудбалерите на Јувентус имаа проблем со Инсиње. Очигледно е дека постоеа големи проблеми во неговото користење и неговото влегување во игра. Не е можно да не го ставите Инсиње во тимот кога играте во Милано, а на трибините имате 20-30 илјади наполитанци? На сето тоа невозможно е да не се одлучите да ставите играч со такви карактеристики во таква ситуација? Јас во целата таква ситуација немав одговорност, но си поднесов оставка затоа што никој друг не сакаше да го направи тоа“, изјави Тавекио.

Дека нешто навистина можеби се случувало докажува и видеото кога при негативен резултат и кога на Италија и е потребен гол Вентура бара од Де Роси да влезе во игра кој беше зачуден од таквото барање на селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…