Дома Фудбал НЕВЕРОЈАТНИ бројки поврзани со трансферот на Паулињо – Фановите полудеа!

НЕВЕРОЈАТНИ бројки поврзани со трансферот на Паулињо – Фановите полудеа!

Бројките кои се поврзани со трансферот на Бразилецот, Паулињо, кој денес го официјализираше трансферот во Барселона се навистина неверојатни.

Паулињо во Барселона пристигнува за сума од 40 милиони евра, а тоа ги налути фановите на шпанскиот гигант. Имено, откупната клазула на Паулињо изнесува огромни 120 милиони евра што е повеќе од поголемиот дел играчи од првиот на Барселона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Помала клазула од Паулињо во своите договори имаат: Делофеу, Серхио Роберто, Денис Суарез, Умтити, Видал, Диње, Силенсен, Рафиња, Алкасер, Маскерано и Андре Гомеш.

Покрај тоа, верувале или не, Паулињо е петото најскапо засилување во историјата на клубот, поскапи од него беа само: Нејмар, Луис Суарез, Златан Ибрахимовиќ и Давид Виља.

Тука не се смета Андре Гомеш кој беше платен 35 милиони евра, плус 20 со одредени бонуси. За крај трансферот од 40 милиони евра е најскапата продажба на еден кинески клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На познат словенечки фудбалер му се заканува затворска казна од пет години

На познатиот словенечки фудбалер Тим Матавж (35) му се заканува петгодишна затворска казна…