Пол Погба одигра одлично Светско првенство во кое на крајот со Франција стигна и до титулата светски шампион.
На овој Мундијал гледавме еден поинаков Погба. Овој Погба не се ставаше себе си во прв план, се бореше како лав и жестоко го прославуваше секој гол на својата селекција. Освен што е одличен играч, сега француските медиуми пренесуваат дека бил и одличен мотиватор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сакам да видам војници на теренот. Сакам да се радувам вечерва. Сакам заедно да гинеме на терен. Денес ќе ги „убиеме“ без Меси или со него, не ме интересира. Дојдовме да го освоиме овој е**н Мундијал“, гласеле зборовите на Погба пред натпреварот против Аргентина.
Во наредното ги чекаше Уругвај.
„Тоа е тоа, сега нема назад. Одиме напред, мораме на крајот ние да бидеме победници. На овој натпревар Матуиди е супсендиран, но погледнете го, тој е разочаран, тој е бесен, сака да игра повеќе од било кој на теренот. Затоа мораме да одиграме за него, да бидеме добри како против Аргентина и уште подобри да ги победиме најдобрите и да станеме светски шампиони“, ги пренесуваат зборовите на Погба, медиумите во Франција.
Медиумите истакнуваат и дека слични мотивациони говори Погба држел пред секој натпревар, а очигледно и тоа како биле од корист за неговите соиграчи.