Дома Фудбал Лига на шампиони Неверојатна случајност: Два гола вчера Ливерпул постигна во иста минута како и во Инстанбул!

Неверојатна случајност: Два гола вчера Ливерпул постигна во иста минута како и во Инстанбул!

Главна тема во спортските медиуми денес е епскиот пресврт кој вчера го режираше Ливерпул на свој терен против Барселона.

Барселона во првиот натпревар го победи Ливерпул со 3:0, а вчера „црвените“ на „Енфилд“ успеаа да слават со 4:0 и така да се пласираат во големото финале од Лигата на шампионите во кое вечерва ќе го добијат противникот (Ајакс или Тотенхем).


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ова враќање на Ливерпул сигурно навивачите ги потсети на незаборавното инстанбулско финале кога Ливерпул губеше со 3:0 од Милан на полувремето, а во второто успеа да изедначи и да го освои трофејот.

Ливерпул во тој натпревар успеа да постигне три гола во второто полувреме, а потоа на пенали да го освои трофејот.

Она што е посебно интересно е што по некоја случајност два гола од тој натпревар беа постигнати во иста минута со два гола од вчерашниот натпревар.

Имено, тогаш за Ливерпул во 54-тата и 56-тата минута голови постигнуваа Џерард и Шмицер, а вчера во тие минути на два гола се радуваше Ванијалдум.

https://www.youtube.com/watch?v=hEDvtpJX4co

https://www.youtube.com/watch?v=8lC5H4TEcQs

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Баерн преку Арсенал до полуфинале🎥

Баерн Минхен обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони откако со минимални 1:0 славеше про…