Дома Трансфер зона Неверојатна промена: Погледнете каков тим Чави дочека во Барселона, а каков тим има сега

Неверојатна промена: Погледнете каков тим Чави дочека во Барселона, а каков тим има сега

Eкипата на Барселона дефинитивно е една од оние кои го обележаа овој летен преоден рок.

Жоан Лапорта полека докажува дека е вистинскиот човек за таа позиција, иако можеби направи грешка со лажната надеж за враќање на Меси, сепак во тешка ситуација успеа да обезбеди одличен тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако се одземе неуспешниот обид да се доведе Меси, Барселона има фантастичен преоден рок.

Верувале или не Барселона потроши само 3.4 милиони евра, а доби пет засилувања. Тие пари беа потрошени само за доведување на Ориол Ромеу. Гундоган и Ињиго Мартинез пристигнаа без оштета, додека Феликс и Кансело се на позајмици.

Кога би се погледнал тимот на Чави, изгледа дека Барселона има се, вистинска конкуренција на секоја позиција.

Неверојатно звучи и дека од тимот со кој Барселона ја започна сезоната 2021/2022 кога Чави дојде на местото на Роналд Куман има само пет играчи – Тер Штеген, Араухо, Де Јонг, Роберто и резервниот голман Ињаки Пења.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…