Британски Телеграф тврди дека Марсеј се надева дека од Арсенал ќе успее да го донесе Оливие Жиру.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Напаѓачот на Арсенал во изминатата сезона постигна 16 погодоци и запиша 7 асистенции. Олимпик се надева дека за 25 милиони фунти плус дополнителни бонуси ќе успее да се договори со управата на клубот од „Емирати“.
Инаку, Французинот во изминатите преодни рокови, одби неколку понуди и остана верен на лондонскиот клуб, но со оглед на лошата измината сезона, многумина типуваат на тоа дека голема е веројатноста Жиру да замине од Англија.