Чилеанскиот репрезентативец, Алексис Санчез се уште не го продолжи договорот со Арсенал и како што стојат работите, тој веќе во јануари би можел да ја промени средината.
Јасно е дека Алексис нема желба да го продолжи договорот со „Топчиите“, а Арсенал ќе биде принуден да го пушти веќе во јануари за да заработи на него, или Чиеанецот во спротивно на крајот на сезоната ќе замине како слободен играч.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во последно време англиските медиуми најмногу шпекулираат дека Алексис кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Сити бидејќи повторно сака да соработува со Пеп Гвардиола. Меѓутоа, во битката за некогашниот играч на Барселона се вклучи и Реал Мадрид.
Како што се наведува, кралскиот клуб е подготвен во јануари да го донесе Санчез на „Сантијаго Бернабеу“, а заедно со договорената сума на „Емирати“ да го испрати и Лукас Васкез.
Оваа понуда би можела да биде привлечна за „Топчиите“ со оглед на тоа дека заедно со пари би добиле и одлична замена за Чилеанецот.