Oд поодамна немало ваков натпревар кој заврши со ваков исход.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Хадерсфилд денес беше далеку подобар тим од Свонси, но на крајот немаше победник, резултатот беше оној почетиниот 0:0.
Џордан Ајб заработи црвен картон во екипата на Свонси на самиот почеток, уште во 11 минута, а после тоа следуваше вистинска офанзива на домаќинот.
Домаќинот имаше неверојатен 81% на топка, 30 удари кон голот на противникот, додека Свонси не упати ниту еден единствен удар кон голот на Хадерсфилд.
Се редеа безброј шанси пред голот на Свонси, но погодок немаше…