Луѓето од НБА соопштија дека болкадата на Леброн Џејмс во завршницата од натпреварот помеѓу Кливленд и Индијана била неважечка.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
При резултат 95:95 Пејсерси го имаа последниот напад на натпреварот, меѓутоа Леброн на 1.8 секунди до крајот го блокираше обидот на Оладипо.
Потоа Кавси побараа тајм-аут и Џејмс погоди тројка за победа после која Кливленд дојде до водство во серијата од 3:2.
Сепак после прегледувањето на снимкте во НБА соопштија дека при продорот на Оладипо топката прво удрила во таблата, па дури потоа со неа играл Леброн.
Многумина се запрашуваа зошто судиите на тајм-аутот не ја погледнале снимката, меѓутоа правилото гласи дека арибтрите не можат ја гледаат повторената ситуација ако претходно не досудиле „паѓачка линија“ на топката. (кога топката е во пад, а не оди кон кошот блокадата е неважечка).