Тимот на Вардар на само четири дена пред натпреварот против Нексе се соочува со проблем – Стојанче Стоилов е позитивен на коронавирус.
Стоилов после вчерашниот тренинг се пожалил на омалаксаност поради што веднаш му бил направен тест и истиот се покажал како позитивен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите тој се чувствува добро и има лесна клиничка слика, а до вечер ќе биде познато дали има уште некој позитивен во тимот.
Ќе потсетиме Вардар во сабота игра против Нексе и Стоилов сигурно нема да биде во комбинација за тој натпревар. Треба да се спомене и дека повредени се Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер.