Дома Фудбал Италија На фудбал се коцкал и Алегри, тренерот на Јувентус снимен и во казино 🎥

На фудбал се коцкал и Алегри, тренерот на Јувентус снимен и во казино 🎥

Фокусот на италијанската фудбалска јавност и понатаму е кон обложувачкиот скандал, а сега истиот сега се проширува откако е вмешано и името на тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Николо Фаџоли веќе доби суспензија од седум месеци, наскоро се очекува да биде соопштена и казната за Сандро Тонали кој исто така го призна делото. Казната за Тонали веројатно ќе биде повисока затоа што се обложувал на натпревари на кој самиот играл.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, сега италијанските медиуми објавија дека Масимилијано Алегри се обложувал на натпревари во Серија Б. Исто така објавена е и снимка од Алегри од казино во Монте Карло.

„Алегри е еден од луѓето кои редовно се коцкаат. Во една прилика освои 30.000 евра и на една личност и даде 3.000 евра да уплати тикет за него на натпревари од Серија Б. Редовно игра на тие клубови затоа што има контакти во клубовите“, пишуваат медиумите.

Коцкањето во казино не е спорно за Италијанците и тоа фудбалерите и тренерите се слободни да го прават, но строго се забранува играње на фудбалски натпревари, без разлика дали учествуваат во нив или не.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…