Дома Фудбал Италија На фановите на Интер не им иде умот: Повторно казнети поради расизам!

На фановите на Интер не им иде умот: Повторно казнети поради расизам!

Играчот на Милан, Франк Кеси беше предмет на расистички навреди од страна на фановите на Интер во дербито „Дела Мадонина“ кое се играше викендов.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Популарната „Курва Норд“ каде се наоѓаат фановите на Интер, поради истиот инцидент беше казнета после мечот со Наполи кога расистички беше навредуван Кулибали.

Поради тоа „нероаѕурите“ играа пред празен стадион на мечот со Болоња, а денес повторно добија казна од Италијанската федерација.

Имено, навивачката група доби казна од еден натпревар суспензија, и условна казна од една година, доколку уште еднаш го повтори истиот инцидент.

Тоа значи дека на следниот домашен натпревар Интер ќе игра без поддршката од „Курва Норд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дефинитивно: Капитенот на Реал Мадрид заминува!

Дани Карвахал ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на оваа сезона. Зошто проблемот со уличн…