Дома Фудбал На три дена пред првиот натпревар во Ла Лига Барселона има 11 регистрирани играчи

На три дена пред првиот натпревар во Ла Лига Барселона има 11 регистрирани играчи

Сезоната во Ла Лига започнува овој викенд, а Барселона првиот натпревар го игра во недела на гости против Гетафе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така на три дена пред првиот официјален натпревар, Барселона има 13 регистрирани играчи кои всушност се 11 затоа што клубот ќе го напуштат Дембеле и Кеси.

Токму нивните заминјувања на Барселона и овозможува да го заврши процесот на регистрација на играчите бидејќи така се ослободува буџетот за плати.

Да бидат регистрирани чекаат: Иниго Мартинез. Илкај Гундоган, Ориол Ромеу, Роналд Араухо, Алехандро Валде, Маркос Алонсо, Серхи Роберто, Ињаки Краг и Ез Абде. Во случај регистрацијата да не биде завршена на време како слободни играчи со своите клазули можат да заминат Мартинез и Гундоган.

Според информациите на шпанските медиуми утре е последниот ден во кој Барселона може да регистрира фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …