Луис Суарез е познат како пргав напаѓач кој влегува во жестоки дуели, а јавноста нема да ги заборави неговите испади кога ги гризна Бранислав Ивановиќ и Џорџо Киелини, сепак и Уругваецот покажа дека има човечка големина.
Имено, Суарез и неговата сопруга ја платиле операцијата на болното девојче Делфина од Бразил кое боледува од тешка болест. На девојчето кое има само 24 недели и било дијагностицирано расцеп на рбетот и веднаш и било потребна операција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Прво требало да биде оперирана во Бразил, а потоа стигнале вести од фудбалерот од Барселона. Тој и неговата сопруга соопштиле на семејството на девојчето дека ќе ги покријат трошоците за операцијата која изнесува 24.000 евра.
„Разговарав со Софија и самата е мајка и може да сфати во каква ситуација сме. Бескрајно сум благодарна на неа и Суарез“, изјави мајката на младото девојче.
Терминот за операцијата на Делфина е идната недела.