Аргентина благодарение на Нигерија останува во игра за пласман во осминафиналната фаза на Мундијалот. Откако одиграа очајно во првите две кола, Аргетнаина сега тргнува исклучиво по победа против Нигерија за чекор натаму.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Очекувано пред стартот на третото коло, не е ништо сјајно во соблекувалната на Гаучосите. Како што се наведува фудбалерите од претседателот на федерацијата побарале итна оставка од Сампаоли и дадени ингеренции само да го состават тимот за дуелот против Нигерија. Најгласен за ова барање како што е познато бил Серхио Агуеро, но сепак претседателот Тапиа, остави да тече се онака како што е.
Токму поради ова, во Аргентинскиот табор се сигурни дека најжестоко ќе биде критикуван Агуеро, кој против Нигерија нема да стартува, со оглед на тоа дека на неговата позиција ќе се појави во стартниот тим Гонзало Игуаин.