Ракометниот натпревар од Првата лига од Б групата (второ по ранг натпреварување) помеѓу Радовиш и Партизан Гевгелија го привлече вниманието на македонската ракометна јавност.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, овој натпревар ќе се памети по големиот број постигнати голови. Средбата заврши со резултат 56:36. Така во 60 минути двете екипи успеаа да постигнат дури 92 гола што е навистина многу.
Нема официјална информација, но ова многу веројатно може да е ракометниот натпревар со најмногу постигнати гола одигран во Македонија.
Ако се пресмета просекот, голови се постигнувале на секои 40 секунди. Со оглед на резултатот и не е чудно што дури четворица ракометари од двата тима имале двоцифрен број на голови.
Зоран Стојановски и Иванче Ончев постигнаа по 10 за радовиш, додека Васил Зајков и Ѓорѓе Банцалиски со 14, односно 10 беа најефикасни во составот од Гевгелија.