Дома Топ вести На Раиола не му оди како што планираше: Иднината на Донарума зависи од Буфон?

На Раиола не му оди како што планираше: Иднината на Донарума зависи од Буфон?

Џанлуиџи Буфон со својата објава дека денес го игра последниот натпревар за Јувентус малку ги расипа плаовите на богаташите.

Објавата на Буфон беше аларм за многу клубови, помеѓу нив се најде и Пари Сен Жермен, тоа би можело да ги расипе плановите на Мино Раиола.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од плановите на за ова лето на Раиола веројатно е продажба на Џанлуиџи Донарума кого во Милан сега и не би го задржувале доколку пристигне понуда од околу 70 милиони евра. Раиола од поодамна работи на тоа но во меѓувреме многу врати му се затворија.

Реал Мадрид не сака да соработува со Раиола, а како мета за голманската позиција ова лето го означи Алисон од Рома, а резервна опција е Кеп од Атлетик Билбао.

Јувентус како опција е отпишан, ниту младиот голман сака да оди во Торино, а ниту клубот не е заинтересиран, ПСЖ беше реална опција, но сега…

Одлуката на Буфон ги промени работите!

Пари Сен Жермен сака да ја искористи ситуација и многу поисплатливо би им било да го доведат Буфон отколку Облак или Донарума. Нема да имаат потреба да плаќаат оштета, а ветеранот сигурно би прифатил помала плата од сонародникот и нема посебни услови како клиентот на Раиола.

Значи, ПСЖ може да доведе подобар голман од Донарума бесплетно и да не си први дополнителни проблеми со финансискиот фер-плеј. Понудата до Буфон е договор вреден 14 милиони евра за две сезони и богати премии, а тоа е прилично повеќе од она што го добива во Јувентус.

На Раиола сега како опција (не толку веројатна) му останува Ливерпул. Клоп бара голман бидејќи нема преголема доверба во Кариус, а Мињоле ќе го напушти клубот. Наводно контроверзниот менаџер го понудил Донарума на Ливерпул, но одговорот од „Енфилд“ бил дека не сакаат да зборуваат за трансферите пред финалето во Лигата на шампионите на 26 мај.

Од друга страна Милан мора што побрзо да ја реши ситуацијата со голманите бидејќи во овој момент на своите голмани троши околу 20 милиони евра годишно. На платениот список на Милан во овој момент веќе има шест голмани!

Реина кој веќе го доведоа, Сторари, браќата Донарума, талентираниот Пликари и Бразилецот Габриел. Јасно е некој мора да замине!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го праќа Гулер на часови кај Чаби Алонсо

Реал Мадрид е спремен да го пушти Арда Гулер на позајмица во зимскиот преоден рок. Неколку…