Дома Трансфер зона На прв поглед звучи нелогично – Барса плаќа повеќе отколку што изнесува клазулата на Гризман!?

На прв поглед звучи нелогично – Барса плаќа повеќе отколку што изнесува клазулата на Гризман!?

griezman

Звучи нелогично, но не е, намерите на Каталонците се јасни.

Според се, Антоан Гризман ова лето ќе го напушти Атлетико Мадрид и ќе го облече дресот на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што неодамна пренесуваа шпанските медиуми, Французинот се договорил со Барселона, а дури наводно се согласил и на нешто помала плата за да и излезе во пресрет на Барселона коај има проблем со финансиите пред се поради новиот договор на Меси.

Клазулата е позната, 100 милиони евра, но Барселона би платила и повеќе.

Имено, Каталонците би додале нешто повеќе, со цел да го убедат Атлетико трансферот да биде платен во две рати.

Ваквиот начин на плаќање би го растеретило буџетот на клубот од Каталонија после трансферите на Кутињо и Дембеле.

Иако Гризман бара неговата судбина да биде позната пред Мундијалот, можеби ќе постигне само вербален договор, но и тоа би го ослободило Французинот.

Имено, Барселона сака трансферот да биде завршен на 1 јули со цел да влезе во наредната, а не оваа година бидејќи тоа би значело опасност од ФФП.

Но, доколку Гризман потпише преддоговор и добие јасно ветување, изгледа дека околу овој услов нема да има проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Симеоне го носи Дибала во Атлетико

Шпанските  медиуми пренесуваат дека најголема желба на Атлетико Мадрид во летниот преоден …