На поранешниот фудбалер на ПСЖ Бруно Родригез мораше да му биде ампутирана ногата поради големиот број повреди кој ги имал во кариерата.
Бруно Родригез кој кариерата ја заврши во 2005 година 17 години подоцна остана без една нога. Со тек на време повредите од минатото почнале да му создаваат проблеми и во сегашноста и ситуацијата станувала се полоша и полоша, па друго решение немало.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„„Тој е еден од напѓачите кои го одбележаа нашиот фудбал во 90. години и почетокот на 2000. Унијата испраѓа поддршка до Бруно Родригез кому му беше ампутирана ногата како резултат на повредите кои ги имаше“, објавија од Унијата на фудбалери на Франција.
Освен ПСЖ во кариерата Родригез го носеше дресот на Монако, Бастија, Ленс, Стразбург, Бредфорд, Рајо Ваљекано…